1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Израел ќе ослободи затворени Палестинци

*

Израел има намера да ослободи од затвор 250 Палестинци. Како што е речено, станува збор за членови на движењето Фатах на претседателот на Палестинците Махмуд Абас. Израелскиот премиер Ехуд Олмерт го најави овој потег уште по средбата со Абас пред две недели. Абас и движењето Фатах застапуваат поумерен курс спрема Израел.

Палестински екстремисти денеска од појасот на Газа истрелаа седум ракети врз израелска територија на југот на земјата. Според армиски наводи, една удрила во кругот на училиште во близина на градот Здерот. Според првите сознанија нема повредени. Одговорноста за нападот ја презеде радикалната палестинска организација Исламски џихад.