1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израел ја продолжува офанзивата во Газа

Израелски авиони од утринава продолжуваат со воздушни напади во појасот на Газа. Најмалку 23 палестинци и еден израелски војник загинаа во израелската воена акција во последното деноноќие. Палестинските власти повикуваат на меѓународна помош

default

Акцијата на израелците започна со цел пронаоѓање и ослободување на киднапираниот војник кој повеќе од десет дена е заложник на палестински милитантни групи. Советот за безбедност на ОН дебатираше околу предлог резолуцијата за итно повлекување на израелските сили од појасот на Газа. Меѓутоа САД го оценија текстот како неизбалансиран. Во меѓувреме палестинскиот премиер Исмаил Ханија повика на меѓународна интервенција. Акцијата на израелсците тој ја нарече како злосторство против човештвото.

Повик за решавање на ситуацијата преку медиумите повторно упати и Ноам Шалит, таткото на киднапираниот израелски војник Гилат Шалит:

„ Ги повикувам милитантните организации да постигнат договор и да им дадат сериозна понуда на египќаните, која ќе биде прифатлива за Израел и со која ќе заврши овој случај„