1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Израел ја прогласи Газа за „непријателски ентитет“

*

Израелскиот безбедносен кабинет денеска го прогласи за „непријателски ентитет“ појасот Газа, кој е под директна контрола на радикалното движење Хамас. Сега Израел може да го прекине снабдувањето со вода, струја и гориво во појасот. Одлуката следи по зачестените гранатирања врз израелска територија од Газа. За Хамас ова е објавување на војна. На Блискиот Исток инаку денеска доаѓа американската министерка за надворешни Кондолиза Рајс која со израелската и палестинската страна треба да ги договори деталите околу планираната Блискоисточна мировна конференција.