1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израел целосно се повлече од Либан

Два и пол месеци по навлегувањето во Либан, израелската армија целосно се повлече од соседната земја. Последните израелски војници синоќа се вратија во Израел.

Израелските тенкови се вратија дома

Израелските тенкови се вратија дома

Последните вооружени тенковски единици утринава ја поминаа границата. Од отворите на тенковите се гледаат војниците, некои од нив се со мобилните телефони веројатно им јавуваат на семејствата дека се враќаат дома. Два и пол месеца откако беа киднапирани израелските војници, што беше и причина за војната во јули меѓу Израел и Хезболах, израелските војници беа во Либан. Армијата соопшти дека до повлекувањето на војниците немало никакви инциденти. Токму затоа министерот за одбрана Амир Перец нареди сите војници во Либан да се вратат дома до големиот еврејски празник Јом Кипур. Но, во Израел се слушаат критики во медиумите дека владата не ги остварила најавите дека нема да се повлече од Либан додека таму не се стационираат странските мировници на ОН, кои се уште не се распоредени на југот на земјата. Анкетите во земјата поажуваат дека само седум проценти од испитаниците се задоволни од работата на премиерот Олмерт, а уште помал е бројот на задоволните од работата на министерот за одбрана Перец.