1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израел тестира нов систем за противракетна одбрана

Израел располага со два система за противракетна одбрана - против ракети со долг дострел, на пример од Иран, и против ракети со краток дострел од Појасот Газа. Сега се симулираше напад со ракети од среден дострел.

Успешниот тест покажува дека би било можно да се пресретнат балистички ракети со дострел меѓу 50 и 250 километри, објави израелската телевизија. Според податоци на израелската армија тајната вежба била спроведена денеска (26.11) на југот на земјата. Ракетниот одбранбен систем со ознаката „David's Sling“ треба да почне со употреба во 2014 година и да пресретнува оружје со дострел до 300 километри.

На овој начин Израел сака да се заштити од напади пред се’ од радикално-исламистичкиот Хезболах, кој се заканува од Либан. Системот е развиен во соработка со американскиот концерн за вооружување „Raytheon Company“.

Од кругови на министерството за одбрана се вели дека првично било планирано ситемот да биде тестиран во реални услови во 2013 година. Но, со оглед актуелниот развој на ситуацијата тестовите се спроведени порано.

Израел веќе располага со системи за заштита од балистички ракети со долг дострел - евентуално од Иран и од Сирија.

За време на неодамнешниот конфликт во Појасот Газа со системот „Iron Dome“ биле соборени речиси 85 проценти од рактите со краток и среден дострел истерални од Појасот Газа кон Израел.