1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израел со предупредувачки истрели кон Сирија

Првпат во последните децении Израел испука предупредувачки истрели кон Сирија. Со тоа израелската армија реагирала на граната која паднала врз армиски пункт на Голанската висорамнина, анектирана од Израел во 1967-ма.

Според портпарол на израелската армија, гранатата била „дел од внатрешниот конфликт во Сирија“ и не предизвикала штета и жртви. Владата во Ерусалим претходно испрати предупредување до раководството во Дамаск да не ја повредува границата.

На Голанската висорамнина, која е анектирана од 1967 година, досега повеќе пати паднаа гранати испукани во борбите со бунтовниците во Сирија. Исто така, сириски тенкови неколку пати влегоа во демилитаризираната зона. Ова е

Symbolbild syrische Panzer dringen in Sperrgebiet auf Golanhöhen ein

Сириски тенкови неколку пати влегоа во демилитаризираната зона

првпат Израел да испука предупредувачки истрели во насока на сириските безбедносни сили од војната во 1973 година.

Во меѓувреме, сириската опозиција по повеќенеделни преговори постигна согласност за заедничка платформа. Телевизијата Ал Џазира јави дека договорот е постигнат на средбата на опозиционите активисти во Доха. Длабоко поделената сириска опозиција беше притисната да постигне согласност од државите од групата Пријатели на Сирија, пред се‘ Катар и САД. Претходно, Сирискиот национален совет, кој досега се разбираше себеси како единствен претставник на опозицијата во Сирија, се согласил да биде дел од коалицијата на противници на сирискиот режим. За Сирискиот национален совет во новата Сириска национална алијанса се резервирани 22 од вкупно 55 места.