1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израел се премислува за Комисијата на ОН

Почетокот на работата на истражната комисија на ОН за нападот на израелските војници врз хуманитарниот конвој е доведен во прашање. Тел Авив одбива во истрагата да бидат вклучени и израелски војници.

default

Израелскиот премиер Нетанјаху сведочи пред домашната истражна комисија

Се уште е неизвесно дали четиричлената Истражна комисија на ОН денеска ќе почне со работа и покрај претходното ветување на Израел дека ќе соработува со неа. Израелски владини извори, пренесуваат дека е можен бојкот на истрагата доколку Комисијата инсистира да испитува израелски војници. Премиерот Бенјамин Нетанјаху тврди дека постоел „дискретен“ договор со ОН, Комисијата да се потпира на сопствената истрага и да не повикува војници за сведоци. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун демантираше дека постоел таков договор.

Вчера, премиерот Бенјамин Нетанјаху пред израелската истражна комисија застана во одбрана на воената акција и рече дека таа е во согласност со меѓународното право. Денеска истото го стори и министерот за одбрана Ехуд Барак, кој оцени дека конвојот бил „планирана провокација“ и дека службите во земјата имале информација еден месец претходно дека организаторите се подготвувале за „вооружен конфликт“.

Во акцијата што се случи на крајот на мај годинава, загинаа деветмина турски активисти, а седум израелски војници беа повредени.

Der tuerkische Aussenminister Ahmet Davutoglu

Ахмети Давутоглу

За Анкара нема дилеми кој е виновникот

Официјална Анкара денеска ги отфрли вчерашните наводи на Нетанјаху дека Турција можела, но не сакала да го спречи конвојот.

„Никој друг не може да ја преземе одговорноста за убиството на девет цивили во меѓународни води“, изјави шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу.

Во комисијата што ќе ја предводат поранешниот премиер на Нов Зеланд Џефри Палмер и колумбискиот претседател во заминување Алваро Урибе, членуваат и еден турски и еден израелски дипломат. Таа треба да го претстави својот првичен извештај за истрагата во средината на септември, откако претходно ќе ги разгледа околностите поврзани со инцидентот на 31 мај, кога израелските командоси го нападнаа конвојот од шест бродови во обидот да спречат тие да ја пробијат поморската блокада на палестинската автономна област во Појасот Газа.

автор: БГ/ројтерс/афп

редактор: Трајче Тосев