1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израел се повлекува од Газа, офанзивата продолжува

Единаест дена од почетокот на израелската офанзива во Газа. Израел продолжува со акцијата, а Палестинците бараат прекин на борбите.

Еден од ранетите Палестинци во Газа

Еден од ранетите Палестинци во Газа

Израелската војска се повлекува од појасот Газа, по тридневните тешки борби во кои загинаа 30 Палестинци. Но, тоа не значи и крај на офанзивата. Потпарол на израелската армија соопшти дека дека операциите продолжуваат во другиот дел од земјата.

Меѓународната заедница е загрижена од најновата ескалација во регионот. Генералниот секретар на ОН, Кофи Анан апелираше до двете страни да преземат итни мерки за да се избегне катастрофа. Израел мора да ја запре офанзивата, а Палестинците треба да престанат со ракетните напади врз Израел и да го ослободат киднапираниот војник. Палестинскиот премиер Ханија апелираше до двете страни во конфликтот да го положат оружјето и да запре крвопролевањето. Тел Авиив за ситуацијата ги обвинува Палестинците.

„Хамас и палестинските власти се одговорни за ова што се случува. Акцијата во Газа е само одговор на теророт кој ни го вршат Палестинците“, категоричен е генералот на израелската армија Дан Халуц.

Израелската офанзива, која започна на 25 јуни ќе биде запрена кога ќе се ослободи грабнатииот војник, соопшти израелската армија.