1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израел размислува за воена операција против Хамас

И покрај постојаните ракетни напади од појасот на Газа врз израелска територија, владата во Тел Авив денеска повторно дозволи трансфер на хуманитарна помош за населението во оваа палестинска област.

default

Израелски тенк на позиција во близина на градот Газа

Околу осумдесет камиони со прехрамбени производи, лекови и жито ја минале границата, соопшти израелското министерство за одбрана. Станува збор за прва испорака на помош за палестинското население во појасот на Газа по цели десет дена.

Истовремено во Израел се интензивираат најавите за претстојна офанзива против палестинските екстремисти.

Gazastreifen Weihnachten 2008

Маскирани припадници на Хамас испукуваат ракети врз кон израелска територија

Треба да станува збор за „ограничена операција“, која би траела повеќе денови, пишува денеска весникот „Хаарец“, повикувајќи се на засега неофицијални информации од израелската армија. Заедничката операција на копнените трупи и на авијацијата ќе биде насочена кон Хамас и останатите палестински екстремистички групации во појасот на Газа. Во недела, премиерот Ехуд Олмерт треба уште еднаш да одржи консултации со неговите советници за национална безбедност. Претходно не би требало да се очекува воен ангажман на Израел во појасот на Газа, пишува весникот „Хаарец“.

Олмерт: „Ние сме посилни“

Во меѓувреме, премиерот Ехуд Олмерт апелираше до палестинското население во појасот на Газа да му се спротистави на Хамас. „Радикалната исламска организација е одговорна за страдањето таму“, изјави Олмерт во интервју за арапската телевизија Ал Арабија.

Israel Ministerpräsident Ehud Olmert in Jerusalem

Израелскиот премиер Ехуд Олмерт во недела ќе донесе одлука за можната офанзива?

Тој му порача на Хамас дека Израел нема да се колеба да дејствува со воени сретства.

„Им велам сега, дека ова можеби е последната минута. Им велам , запрете, ние сме посилни. Ќе има уште крв таму. Кој го сака тоа? Ние не го сакаме тоа“, изјави Олмерт за телевизијата Ал Арабија.

Од другастрана во изјава за израелското радио, портпаролот на Хамас, Ал Масри, порача дека Израел не може со вооружена сила да го уништи Хамас.

„ Доколку имате намера да го соборите раководството на Хамас а со тоа и власта на Хамас во појасот на Газа, тоа нема да ви успее. Дури и ако бидат убиени 100 или 200 лидери на организацијата, Хамас не може да биде уништен“, порача Ал Масри.

Само во текот на изминатата ноќ 20 ракети од појасот на Газа паднаа во пограничниот регион на израелска територија. Во овие напади немаше повредени лица.