1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Израел продолжува со воздушни напади врз Хамас

Израел утрината повторно изврши воздушни напади врз цели во појасот на Газа . Според извештаите на израелското радио, приота бил убиен еден припадник на радикално-исламистичкото движење Хамас. Милитантите од Хамас од другастрана испукаа нови ракети на израелска територија . Во овие напади нема повредени ниту материјални штети. Израелскиот министер за внатрешна безбедност Ави Дихтер во меѓувреме се закани дека ќе биде убиен политичкиот шеф на Хамас , Калед Машал , кој живее во егзил во Сирија.