1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израел продолжува со бомбардирање во Газа

Израел ги прогласи пограничните области околу појасот Газа за „затворена воена зона“ и веројатно се подготвува за копнена офанзива. Трет ден по ред продолжуваат израелските воздушни напади. Бројот на жртви е над 300.

default

Постојани воздушни напади со стотици загинати во Газа

Израел ноќеска ги продолжи воздушните напади врз цели во појасот на Газа.

Израелската авијација ноќеска ги бомбардирала Министерството за внатрешни работи и Исламскиот универзитет во Газа. Очевидци велат дека нема ранети. Според Израел, Универзитетот претставува упориште на радикално исламскиот Хамас, а неговите простории биле користени за развој на ракети, експлозиви и електронски апарати за потребите на милитантните борци, а и како место за криење оружје.

Во израелските напади ноќеска, според Палестинците, се убиени и шест деца.

Кон границата кон Палестина веќе се движат израелски тенковски единици, а израелската влада одобри мобилизирање на 6500 резервисти. Израел ја започна офанзивата во саботата, како одговор на ракетните напади од страна на организацијата Хамас, која пред една недела еднострано го прекина примирјето со Израел.

Израелската министерка за надворешни работи Ципи Ливни тврди дека нивната цел не е реокупација на појасот на Газа, но се‘ додека појасот на Газа е контролиран од екстремистите, од Хамас, а тој ја користи оваа територија за напади врз Израел, тие мораат да возвраќаат.

Портпаролот на Хамас Фавзи Бархум пак се закани со одмазда поради актуелните израелски воздушни напади врз појасот на Газа:

„Ние ќе го продолжиме нашиот отпор во сите правци. Тоа вклучува и самоубиствени напади.“

Israel Palästinenser Gaza Außenministerin Tzipi Livni

Ципи Ливни: мораме да возвратиме

Повици за прекин на огнот

Кинескиот вицепремиер Ли Кекианг утрово изјави дека Пекинг е шокиран и сериозно загрижен поради сегашните напади и ги повика двете страни веднаш да ги завршат воените операции. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун исто така ги повика Израелците и Палестинците на итен прекин на огнот во појасот на Газа, а го активира и Блискоисточниот мировен квартет. Бан Ки Мун повторно побара од Израел да дозволи доставување на хуманитарните пратки до цивилното население во појасот на Газа. Израелскиот министер за одбрана Ехуд Олмерт одибри испорака на основни животни продукти, резерви со крв, медицинска опрема и возила за прва помош во палестинските области. Денеска граничните премини кон Палестина треба да ги поминат стотина шлепери со помош од Турција, Јордан и меѓународните организации.




DW.COM