1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Израел прифаќа продолжување на преговорите

Израелските власти синоќа соопштија дека сакаат продолжување на преговорите со умерените арапски држави околу постигање на мировен договор на Блискиот исток. Како што се наведува во соопштението од израелското министерство за надворешни работи, Израел се надева дека самитот во Ријад ќе придонесе кон таквите напори. Претходно лидерите на Арапската лига на самитот во Ријад го поддржаа мировниот план за окончување на повеќедеценискиот судир со Израел, но предупредија од можниот бран насилства ако планот пропадне. Мировниот план инаку предвидува признавање на државата Израел ако израелската војска се повлече од палестинските територии окупирани во 1967 година.