1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Израел подготвува но засега нема намера да ја спроведе копнената офанзива

Израелската армија презема ограничнени копнени напади врз цели на Хезболах во јужен Либан и засега нема намера да презема голема копнена офанзива. Илјадници цивили од регионот ги напуштија домовите во страв од нападите кои во последното деноноќие беа интензивни.

Израелски тенкови

Израелски тенкови

Израелската армија која се мобилизира долж границата потврди дека има свои позиции во најмалку две села на либанска територија:

„Израел нема намера да навлезе во Либан. Ние бевме таму и се повлековме пред 6 години. Израел не сака да се врати таму, но ако е потребно тоа ќе го сториме заради Хезболах, која е терористичка организација„ рече владиниот портпарол Мири Еисин

Либанскиот министер за одбрана Елајас Мур предупреди дека доколку Израел преземе копнена офанзива либанската армијата ќе ја брани земјата и ќе докаже дека таа е вредна за респект. Претседателот Емил Лахуд верува дека единството нема да биде разбиено:

„ Либанците ќе останат обединети, сите заедно. Сето ова нема да ги извади од колосек. Се разбира дека сме многу погодени но на крај сум убеден дека нашето право ќе победи„

Претходно и генералниот секретар на ОН Кофи Анан предупреди на опасноста од драматична ескалација:

„ Мислам дека ќе има сериозна ескалација, очигледно е дека има тешки борби меѓу Израел и Хезболах и доколку влезат во јужен Либан за да го уништат Хезболах и воспостават како што велат безбедносна зона, за нив можеби ќе биде тоа, но за другите тоа ќе преставува окупација„

Германскиот министер за надворешни работи Франка Валтер Штајнамер патува за Египет од каде вечерва треба да замине за Израел, каде со тамошните власти ќе разговара околу можните начини за решавање на кризата. Пред заминувањето тој изјави:

„Она што сега е највисок приоритет е смирување на ситуацијата. Мораме да постигнеме услови оружјето да замочлчи а потоа рамки за трајно решение„

Утре во Израел треба да допатува и американскиот државен секретар Кондолиза Рајс, која според најавите треба да се сретне со израеслкито премиер Ехуд Олмерт и палестинскиот претседател Махмуд Абас. Синоќа во Вашингтон таа го повтори ставот на осуда кон постапките на Хезболах и побара итно ослободување на двајцата киднапирани израелски војници. Израел како суверена држава има право да се брани, но треба да внимава во однос на цивилите смета Рајс:

„ Прекинот на огнот ќе биде лажно ветување доколку не врати на ситуација статус кво. Тоа ќе им овозможи на терористите да изведат напади во време и услови по нивен избор и да се закануваат кон невините луѓе, арапите и израелците во регионот. Тоа би било гаранција за идни насислтва„

Рајс го поздрави потегот на Израел кој го прифати предлогот за воспоставување хуманитарен коридор и најави активно учество и придонес во акцијата на хуманитарна помош за населението во кризниот регион. Инаку во досегашните напади според информациите загинале 341 либанец и 33ца израелци од кои најголем дел цивили.