1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израел планира и натаму да ги спречува испораките за оружје за Хезболах

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја потврди решителноста на неговата земја во намерата да ги спречи испораките на оружје од Сирија за радикалната либанска милиција Хезболах.

Израел ќе дејствува против сите обиди за снабдување на на радикалната шиитска милиција Хезболах и на други терористички елементи со модерно оружје, порача израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нанеделната седница на владиниот кабинет во Ерусалим. Израелската влада внимателно го следи развојот и промените на ситуацијата во Сирија, истакна Нетанјаху. Пред две недели израелски воени авиони бомбардираа цели во близина на главниот град на Сирија, Дамаск, за да спречат испорака на иранско оружје за Хезболах. Израел официјално никогаш не го потврди овој напад. Во изјавата на неделниот состанок на кабинетот, премиерот Бенјамин Нетанјаху директно не ги споменал тие напади, меѓутоа јасно укажал дека Израел е подготвен да дејствува и во иднина и дека се „подготвува за секое сценарио“, во сирискиот конфликт.

Претходно во саботата Израел изјави дека напредните оружја кои Русија и ги испорачува на Сирија може да завршат во погрешни раце и да будат употребени против Израел.

Benjamin NetanyahuBenjamin Netanjahu

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Руската испорака на одбранбените ракетни системи, како што се противбродските ракети од типот „Јакхонт“ го осудија и САД, а Израел е многу вознемирен од се' поголемата веројатност Русија на Сирија да и' ги испорача напредните противвоздушни ракетни системи С-300.

Израелската министерка Ципи Ливни за армиското радио изјави дека тоа оружје „може да дојде до други во Сирија или во Либан и да бидат употребени против Израел“. „Тоа не се какви било оружја, тоа се оружја кои создаваат предност, и затоа одговорноста на сите светски сили, и секако на Русија, е да не испорачуваат такви оружја“, изјави Ливни додавајќи дека Израел има право да се брани.

Високиот функционер во израелското министерство за одбрана, Амос Гилад, изјави дека ракетните системи С-300 и „Јакхонт“ веројатно ќе завршат кај Хезболах и ќе претставуваат закана за Израел и за американските интереси во Заливот.