1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израел одбива меѓународна истрага

Израел ги одби барањата за меѓународна истрага на крвавиот напад врз хуманитарниот конвој за појасот Газа. Сепак, министерот за надворешни работи Авигдор Либерман изјави дека е подготвен да вклучи и странски набљудувачи.

default

Нападнат е конвојот на „Фри Газа“

Израел одбива меѓународна истрага за инцидентот во Средоземното море, но во рамките на израелската истражна комисија би можело да има странски експерти, вели министерот за надворешни работи Авигдор Либерман кој најави дека Израел во секој случај ќе го стопира следниот брод со хуманитарна помош за Газа „Рахел Кори“, кој во моментов се наоѓа во Средоземното море. На прашањето за меѓународните протести против заземањето на конвојот, Либерман рече: „Претпочитам да морам да се соочам со меѓународни критики, отколку да погребувам војници. Тоа е првата работа. Како второ,

Proteste in der Türkei gegen französisches Völkermord-Gesetz

Масовни протести во Турција

конвојот не стигна до брегот на Газа и ниту еден друг брод нема да стигне. Тоа мора да биде јасно. Оваа порака е јасна, ’Рахел Кори’ нема да стигне до појасот Газа.“

Протести во Турција

Со оглед на масовните турски протести против интервенцијата на израелските борбени сили против конвојот „Фри Газа“, чии бродови се претежно турски, министерот за надворешни работи изјави: „Немаме интереси да ја заоструваме ситуацијата и се трудиме да не го правиме тоа. Но, како што гледате денес, ние не мораме да правиме ништо повеќе од нашето нормално постапување. Ние не ја започнавме оваа провокација, не пративме хулигани со ножеви и шипки во Турција. Не мораме да се извиниме за ништо, напротив.“

Здружението на странските медиуми во Израел кај израелската армија остро протестираше против неодобрената употреба на фото-материјал од новинарите кои се нашле на флотилата „Фри Газа“. Армијата одзела од новинарите видео- и фото-материјал и го објавила.

Nahost Gespräche George Mitchell Mahmud Abbas NO-FLASH

Американскиот пратеник за Блискиот Исток, Џорџ Мичел, во Рамала се сретна со претседателот на Палестинците, Махмуд Абас

Средба на Мичел и Абаз

Меѓу другото, во четвртокот (3.6.) американскиот пратеник за Блискиот Исток, Џорџ Мичел, во Рамала се сретна со претседателот на Палестинците, Махмуд Абас. Подоцна, Мичел истакна дека САД ќе инсистира на значајно подобрување на состојбата со снабдувањето на изолираниот крајбрежен појас: „Ние се приклучуваме и ја поддржуваме изјавата на Советот за безбедност за оваа трагедија, и понатаму активно ќе работиме на тоа да се задоволат сите потреби на луѓето во Газа. Овој настан ја истакнува неопходноста од напредок во преговорите, кои водат кон решение со две држави.“

Владата на САД зад дипломатските кулиси интензивно вложува напори да успеат таканаречените „индиректни мировни преговори“ помеѓу Израел и палестинските автономни власти.

Автор: Клеменс Ференкоте / Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска