1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израел не планира да покаже воздржаност

Две недели по почетокот на примирјето меѓу Израел и Хамас, ситуацијата во Газа е повторно затегната. Неколку часа откако Израел беше погоден од палестински ракети, израелското воздухопловство бомбардираше цели во Газа.

default

Израел остро ќе реагира на секоја провокација

Приказната се повторува. По тринеделната војна во појасот Газа, на југот од Израел не владее мир, како што тоа го ветуваше владата на премиерот Олмерт. Токму тоа беше и зацртаната цел на тринеделната војна во Појасот Газа, да се разунре инфраструктурата на милитантната организација на Палестинците Хамас и со тоа да се оневозможи натамошното ракетирање на израелската територија. Вчера вечер повторно падна ракета врз градот Ашкелон, дванаесет километри северно од Газа. Таа предизвика само материјална штета, никој не беше повреден.

Олмерт: Не покажуваме воздржаност

BdT Palästinensischer Schmuggler im Gaza Streifen

Тунелите за шверцување се целите на израелските напади

Исто како и пред војната, израелското воено воздухопловство реагираше со напади врз појасот. Единствената разлика е што пред војната цели на нападите беа вооружени Палестинци, а сега авионите ги бомбардираат тунелите за шверцување меѓу Газа и Египет. Очевидци тврдат дека бомбардирани бил и центар за обука на Хамас во Кан Јунис, во јужниот дел на појасот Газа. Пред бомбардирањето, израелскиот премиер Олмерт ја објасни логиката на стратегијата: „Не планираме да покажуваме ниту трпение, ниту воздржаност кон палестинските напади. Во последниве неколку дена реагиравме, а ќе продолжиме вака според принципот на одговор на секоја провокација, колку и да е мала - се` додека нападите врз израелска територија целосно не престанат“, рече Олмерт.

Нема трага од нов сооднос на силите

Како Хамас така и Израел упорно го прекршуваат примирјето, кое сами си го наложија. За него демонстративно не беше потпишан договор. Нема ни трага од некаков нов сооднос на силите, што Израел сакаше да го постигне со војната. Дури и дискусиите во јавноста наликуваат на оние пред офанзивата во Газа. Политичари во владата се препираат околу потребната острина на одговорот против Хамас. Шефот на десничарската партија Ликуд, Бенјамин Нетанјаху, ветува соборување на Хамас, доколку победи на парламентарните избори на десетти февруари.

Услов е ослободување на Шалит

Israel Palästinenser Gaza Grenzübergang Karni

Премините ќе се одблокираат кога Хамас ќе го ослободи Шалит

Во индиректните преговори, пак, се чини дека Израел и Хамас постигнаа напредок. Палестинската новинска агенција „Маан“ извести дека израелската страна излегла со нов предлог. Наводно, Израел бил подготвен да ги одблокира граничните премини кон Газа. Околу 75% од производите што ги бара Хамас можат да поминат преку граница - останатите 25 не, бидејќи Израел смета дека Хамас ќе ги искористи за производство на оружје. Единствениот услов за ова е Хамас да го ослободи израелскиот војник Гилад Шалит, пренесува „Маас“, повикувајќи се на претставник на Хамас. Гилад Шалит беше киднапиран од група вооружени Палестинци пред две и половина години. Претставник на Хамас изјави дека организацијата е подготвена за размена на затвореници. Исламистичката организација досега одбиваше услов за примирјето да биде ослободувањето на Шалит.