1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израел нападна цели во Либан

Ново влошување на состојбата на Блискиот Исток - по ракетниот напад од територија на Либан, израелската воена авијација возврати со воздушен напад.

Во знак на одмазда поради ракетните напади, според претпоставките извршени од страна на милитантни екстремисти во Либан, израелски воени бомбардери гаѓаа цел во соседната земја, соопшти израелската армија. Нападот бил насочен против „терористички камп“ меѓу Бејрут и Сидон. Според либанската национална новинска агенција, требало да биде погодена позиција на Народниот фронт за ослободување на Палестина, кој одржува врски со Иран и Хезболах. Портпарол на групата соопшти дека нападот не предизвикал штети и дека нема повредени. Освен тоа, како што нагласи тој, неговата група нема никаква врска со ракетниот напад врз Израел.

Raketen von Libanon auf Israel abgefeuert

Ракети од Либан испукани врз Израел

Милитантни борци во Либан вчера (22.08) испукаа четири ракети во насока на Израел, односно северот на таа земја. Една од ракетите е пресретната во воздух, а две ракети предизвикале материјални штети. Жртви нема, соопшти портпарлот на израелската армија, Петер Лернер. Четвртата ракета завршила во море или во ненаселен регион. Одговорност за нападот презеде екстремистичката група Бригадите на Абдула Асам, која има врски со Ал Каеда.

За време на војната во Либан во 2006 година, Хезболах го гаѓаше Израел со илјадници ракети. Од крајот на војната на границата е главно мирно.