1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Израел нападна постојка на ОН

Во израелските напади врз Либан вчера загинаа и четворица војници на Обединетите нации. Генералниот скеретар Кофи Анан реагираше остро во моментот кога дозна за тоа. Според него, станува збор за намерен напад. Израел немушто се извини:

Либан страда, а во битките загинаа и четворица војници на ОН. Израел немушто се извини.

Либан страда, а во битките загинаа и четворица војници на ОН. Израел немушто се извини.

Израел жали поради трагичната смрт на четворицата војници на Обедиентите нации во Јужен Либан, изјави портпаролот на министерството за надворешни работи во Ерусалим. Армијата најави истрага за инцидентот, но од нејзини кругови се вели дека базата на ОН била погодена поради превид. Цел на нападот била позиција на Хезболах што се наоѓала во непосредна близина. Четворицата војници од Австрија, Канада, Кина и Финска загинаа во воздушен напад. Генералниот секретар Кофи Анан го обвини Израел дека нападот бил извршен намерно. Армијата дури спречила спасувачки активности, изјави Анан. Израелскиот амбасадор во Обединетите нации Дан Гилерман реагираше налутено:

„Жалиме за овој трагичен инцидент и на семејствата од Кина, Финска, Австрија и Канада им изразуваме сочуство. Меѓутоа, не верувам сериозно дека Кофи Анан верува оти тоа бил намерен, насочен напад. Мислам и се надевма дека тоа го рекол избрзано. Не верувам дека кој и да е што размислува трезвено, ќе помисли оти Израел намерно го нападнал персоналот на Обединетите нации„.

Во меѓувреме, борбите во Јужен Либан продолжија и изутрината. Израелската армија уште вчера јави дека освено селото Бинт Џбаил што важи за тврдина на Хезболах. Меѓутоа и денеска се јавува за жестока размена на оган во тој регион.

Шефот на Хезболах, Хасан Насралах во едно телевизиско интервју најави дека војната сега влегува во нова фаза. Неговата организација набргу ќе напаѓа и цели јужно од Хаифа. Безбедносните сили на Израел сметаат дека Хезболах располага со ирански ракети што можат да допрат и до густо населениот простор на Тел Авив.