1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израел мора да се согласи со мировниот план

Коментар на Петер Филип

default

Амр Муса, генерален секретар на Арапската лига

Генералниот секретар на Арапската лига, Амр Муса, негира дека неговата организација го променила курсот спрема Израел. Но, сепак, повеќе од очигледно е дека сојузот на арапски држави денеска е многу оддалечен од она што го застапуваше пред 40 години, кога Лигата се сретна на самит во Картум - два месеци по шестдневната војна, Арапската лига тогаш донесе заклучок да не го признава Израел, со него да не води преговори и да не склучува мир. 40 години потоа, на маса на арапската лига има мировен план, а министрите за надворешни работи на Египет и Јордан во Ерусалим се обидуваат да го поттикнат Израел да го прифати планот.

И, уште – кога Египет во 1979 година склучи мир со Израел, таков потег од страна на Арапската лига беше исклучен, а денеска лигата се служи со добрата услуга на Египет и Јордан, кој исто така има мир со Израел, за да го наговори Ерусалим на мир. На единствениот мир кој според Арапската лига и широко мнозинство на меѓународната заедница е можен. Тогашниот саудиски принц, Абдула, во 2002 година ја обврза Лигата кон таков план и истото се повтори во март годинава во Ријад. Арапските држави се подготвени да склучат мир со Израел, доколку тој се согласи со повлекување на линиите од пред шестдневната војна, со создавање палестинска држава и решение на проблемот на бегалците.

На Израел не му е лесно со ваквите предлози. Не затоа што не сака мир, туку затоа што одамна не верува дека повлекувањето од окупираните територии само по себе ќе донесе мир. И, се разбира затоа што голем дел од израелското население е во заблуда дека окупираните територии навистина му припаѓаат на Израел и затоа не смеат да се напуштат, па дури ни во замена за мир.

Но, во потсвеста дури и на овие Израелци им е јасно дека поинаку работите не можат да функционираат, дури и само поради фактот што на една палестинска држава и е потребна државна територија која ќе функционира. Дека ваква држава ќе има во Израел е одамна јасно. Дури и Ариел Шарон говореше за тоа, а неговиот наследник Ехуд Олмерт, сега говори за повлекување од други окупирани територии.

Тоа е исправно, но не и доволно. Арапските министри за надворешни работи опоменуваат дека работите треба да се забрзаат. Понудата на срапската лига нема да стои отворена вечно. Тоа потсетува по малку на минатите времиња – ако не си подготвен на тоа, ќе применам насилство. И покрај сите тешкотии кои сигурно ќе ги има при спорведување на планот – првиот и најважен чекор е Израел со него да се согласи.