1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израел и Хезболах разменуваат заробеници

Израелската армија потврди дека посмртните останки кои ги добиле од радикалниот Хезболах се на двајцата киднапирани војници во 2006.Со ова се отвора патот за довршување на размената на заробеници која започна утринава.

default

Ова се телата на загинатите Израелци

Израелските специјалисти коишто ја вршеа ДНК анализата на посмртните останки што денеска ги испорача радикалната шиитска милиција потврдија дека се работи за двајцата израелски војници грабнати во 2006-та. Со ова сега се отвора патот за продолжување на размената на затвореници која утринава започна на граничниот премин Рош Ханикра.

Израел треба да ослободи борци на Хезболах

Израел според спогодбата требаше да ги испорача затворениците од Хезболах дури откако ќе го докаже идентитетот на двете тела. Според извори на Меѓународниот црвен крст, кој е вклучен во размената, од израелските затвори треба да биде пуштен Самир Кунтар, борец на Хезболах, кој се смета за главен организатор на тежок терористички напад. Тој беше осуден на повеќекратна доживотна затворска казна и веќе одлежа 29 години во израелските затвори. Заедно со Самир Кунтар ќе бидат ослободени уште четворица борци на Хезболах. Нему во главниот град на Либан му се приредува голем државен пречек.

Israel, Gefangenenaustausch, Libanesische Häftlinge

Либанските затвореници кои ги ослободува Израел

Тага во Израел

Израелската страна жали што двајцата киднапирани израелски војници не се враќаат живи во татковината:

„Ова не е ден за славење во Израел, туку ден на тага. Ни се враќаат двајца војници, кои беа земени како заложници и беа убиени. За нас е ова тажен ден на кој ги идентификуваме нивните тела, а најверојатно утре ќе им приредиме свечен погреб. Цената што ја плативме за да ги добиеме нивните тела е голема, го ослободивме терористот Самир Кунтар, које е виновен за смрта на едно дете и не можеме да сфатиме како некој може таков човек да искачи на пиедестал“ – порача портпаролот на израелската влада Марк Регев.

Бан и се заблагодари на Германија

Инаку размената на заробеници меѓу Израел и Хезболах беше договорена со посредништво на Германија. По средбата со германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг во Берлин, Бан порача дека Светската организација тесно соработувала со германскиот посредник и високо ја цени неговата улога.





DW.COM