1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израел и Хамас не признаваат злосторства

Израел г и Хамас ги отфрлија тешките обвинувања на меѓународната организација за заштита на човековите права Амнести интернешенел дека извршиле воени злостори при минатогодишната војна во Појасот Газа.

default

Портпарол на израелската армија оцени дека извештајот на Амнести интернешенел бил неурамнотежен и дека не ги земал предвид деветгодишните ракетирања на Хамас врз Јужен Израел. Освен тоа, Хамас го користи палестинското цивилно население како жив штит. Слична е реакцијата на портпаролот на владата, Марк Регев:

„Израел презеде се’ што беше можно за да го држи цивилното население надвор од конфликтот. Се обидовме да оперираме како хирурзи и во најтешките воени ситуации. Тоа не може да се каже за стратегијата на Хамас. Тие испалуваа ракети од џамии и криеја експлозив во училишта.“

На ваквиот приговор одговори раководителката на истражувачката комисија на Амнести, Донатела Ровера:

„Не најдовме ниту еден Палестинец кој би ни дал изјава дека бил користен како жив штит од страна на Хамас, но најдовме повеќемина такви кои ни рекоа дека биле злоупотребени на тој начин од израелските сили.“

Gaza Stadt Rauch steigt auf Israelische Militäroperation im Gaza-Streifen Überlagernde Grafik Amnesty International

Амнести ги документира тврдењата

Амнести останува на тврдењата

Амнести обвинува дека израелската армија во офанзивата од 22 дена убила повеќе стотици цивили, меѓу кои и 300 деца. На повеќемина ранети лица им го попречила пружањето медицинска помош. Исто така армијата намерно уништувала инфраструктурни објекти во Појасот Газа. Организацијата меѓутоа го критикува и радикалниот Хамас:

„Сите ракети што Хамас и другите оружени групи ги истрелаа се воено злосторство, бидејќи станува збор за напади што не бираат цел.“

Хамас ги отфрла обвинувањата

Портпаролот на Хамас, Фавзи Бархум ги отфрли ваквите обвинувања:

„Извештајот ги става на исто рамниште сторителите и жртвите. Не може на еден народ да му се одземе меѓународното право да се бори против окупацијата.“

Амнести бара од Израел и од меѓународната заедница да ја поддржат работата на независната комисија на ОН, која треба да ги испита воените злосторства од времето на војната во Појасот Газа.


Автор: Бетина Маркс/ Горан Чутаноски

Редактор: Жана Ацеска