1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израел и преговара и пука

На теренот ракети, на преговарачките маси - делегации. Израел ја продолжи воздушната и копнената офанзива во Газа, додека владина делегација отпатува во Каиро за да го разгледа египетско-францускиот предлог за примирје.

default

Дали има примирје на повидок?

Утринава од либанска територија беа испукани четири ракети кон Израел. Се сметаше дека подоцна од истото место се испукани уште неколку, меѓутоа портпаролот на израелската армија изјави дека се работело за лажен аларм. Рафи Еитан, претставник на израелската влада, денеска ги обвини Палестинците за нападот од либанска територија, а не движењето Хезболах и го оцени нападот како „изолиран случај“.

Во денешните израелски воздушни напади врз градот Кан Јунис во Газа загинаа двајца Палестинци, за кои се верува дека се членови на вооруженото крило на радикално-исламистичката организација Хамас. Со ова, бројот на загинати Палестинци се зголеми на 704 лица, додека 3.000 се повредени.

Израел ќе бара да престане шверцувањето ракети во Газа

Gaza Angriff Israel 2009

13-ти ден од војната во Газа, стотици домови се уништени

Утринава, пак, израелска делегација патува во Каиро. Во нејзин состав се и Амос Џилад од Израелското министерство за одбрана, како и советникот на премиерот Олмерт за надворешна политика, Шалом Тургман.

Портпаролот на Израелското министерството за надворешни работи не соопшти многу информации во врска со денешните преговори, но израелските медиуми соопштуваат дека делегацијата сака да ја разгледа можноста за долготрајно американско присуство на границата меѓу Газа и Египет. Израел, исто така, ќе бара гаранции од Египет и од меѓународната заедница дека ќе престане шверцувањето на ракети во појасот Газа.

Израелската влада вчера изјави дека гледа „позитивно“ на египетско-француските напори за наоѓање на дипломатско решение за конфликтот во Газа. Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс изјави дека и САД ја поддржуваат иницијативата на Египет.

Хуманитарната положба се` уште лоша

Меѓународниот Црвен крст, пак, денеска со остар тон го обвини Израел дека не ги почитува меѓународните хуманитарни закони за згрижување и евакуација на ранетите. Хуманитарци на Црвен крст денеска ќе продолжат со спасувачката мисија на повредените Палестинци во појасот Газа.

Israel greift Hamas an Verletzter in Gaza Stadt

Најмногу загрижува ситуацијата со повредените во Газа

И населението во Газа смета дека договорените три часа примирје не се доволни за подобрување на хуманитарната положба во регионот. „Како може за три часа да се донесе зеленчук од југот? Ние сме под опсада, немаме електрична струја, вода, зеленчук, леб, брашно. Луѓето живет од воздух“, велат Палестинците. Вчерашниот тричасовен прекин беше искористен и за дарување крв. Особено е тешка ситуацијата со повредените.

За овој чекор на израелската влада, високиот претставник на Европската унија за надворешна безбедносна политика, Хавиер Солана, рече: „Гледам дека израелската влада донесе важни одлуки, но сметам дека е многу, многу важно да се постигне догорочно примирје. За две работи мора да се постигне согласност; нападите да бидат запрени и да се спречи Хамас повторно да се вооружи. Време е да се запрат нападите и повторно да се воспостави вообичаениот тек на животот и политката повторно да добие шанса“, изјави Соланa.