1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израел и милитантите од Газа се договорија за примирје

Израелската војска добила наредба да го запре воздушниот напад врз милитантите во Газа, откако палестинската група Исламистички џихад, која стои за ракетирањата на израелска територија, прифатила примирје.

Смирувањето на состојбата доаѓа откако Египет соопшти дека посредувал во договорот за прекин на огнот, по четиридневните судири. Палестинската група изјави дека е подготвена да го почитува примирјето, ако Израел запре со агресијата.

„Го прифаќаме прекинот на огнот, ако Израел се согласи да го примени со ставање крај на неговата агресија и убиствата“, порача Дауд Шехаб од групата Исламистички џихад.

Од изралското министерство за внатрешна безбедност излегоа со оценка – „последното избивање на насилство се чини е зад нас“. Од министерството информираа и дека Израел не изведува воени напади по 1 часот по полноќ. Во исто време две ракети биле испукани на израелска територија, но во инцидентот нема повредени.

Во насилството, што изби во петокот, загинаа 25 Палестинци. Еден милон Израелци, пак, беа постојано вознемирувани, бидејќи често се вклучуваа сирените кои предупредуваа од опасност.

Автор: Александар Методијев /АТ/ап/афп

Редактор: Симе Недевски