1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израел и меѓународната заедница споделуваат иста цел

Таква оцена изнесе израелскиот министер за надворешни работи Ципи Ливни. Нејзиниот шеф Ехуд Олмерт засега ни не помислува на прекин на борбените дејствија

Ципи Ливни

Ципи Ливни

Израел и натаму ќе го сузбива Хезболах и ќе напаѓа негови упоришта, борбата ќе продолжи се’ додека не бидат ослободени грабнатите војници и додека „граѓаните на Израел не бидат повторно безбедни“ - рече премиерот Ехуд Олмерт во Ерусалим по средбата со делегација на ОН предводена од Виџав Намбијар, политички советник на генералниот секретар Кофи Анан.

Претходно и министерот за надворешни работи Ципи Ливни нагласи: „Израел и меѓународната заедница се гледаат соочени со заедничката опасност од една оска на злото и омразата: Хезболах, Хамас, Сирија и Иран. Израел и меѓународната заедница споделуваат заедничка цел: да им се стави крај на контролата на Хезболах врз животот Либанците и Израелците и на неговите обиди за загрозување на мирот и безбедноста во регионот“.

Предлозите на Кофи Анан и на други врвни политичари за стационирање мировни трупи во пограничниот регион кон Либан наидоа на голема скепса во Израел. Во владата нема расположение за тој предлог. Такво решение нема многу смисла, рече заменик-премиерот Шимон Перес, укажувајќи на досегашното искуство со мировните стационирани на границата уште од крајот на 70-тите години на минатиот век: „Веќе многу години ги има трупите на ОН – УНИФИЛ. Тие не можеа да го спречат тероризирањето и обидите на Хезболах да не убие. Затоа не верувам дека тоа можат да го сторат меѓународни трупи, кои не се борбени единици и не се во состојба нешто вистински да направат“.