1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израел и Либан си ја префрлаат одговорноста

Тензиите на Блискиот исток се зголемија по вчерашната престрелка меѓу израелската и либанската армија на заедничката граница. Во инцидентот животите ги загубија двајца либански, еден израелски војник и еден новинар.

default

Израелска армија на границата со Либан

Двете страни си ја префрлаат одговорноста и обвинуваат за нарушување на граничната линија.

„Сметаме дека ова е уште едно нарушување на резолуцијата од 2006-та, и ја сметаме либанската влада за одговорна за денешните слушувања“, изјави Енди Давид од израелското министерство за надворешни работи.

„Денеска видовме дека израелската армија навлезе во либанска територија, што предизвика либанската армија да одговори на ваквото насилство“, одговори либанскиот државен министер, Мишел Фарун.

Israel Soldat Libanon Hisbolla Panzer

Ова е прв поголем судир меѓу двете страни по израелската инвазија во 2006 година, која претежно беше насочена кон борците на Хезболах.

Советот за безбедност на ОН ги повика двете страни на воздржаност. Членовите на Советот се длабоко загрижени за случувањата и ги повика двете страни да не дозволуваат во иднина такви инциденти. Со сличен став излегоа и генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, ЕУ и американскиот Стејт Департмент.

Израелската влада денеска на итна седница треба да одлучи за следните чекори, а либанскиот премиер Саад Харири ја осуди, како што рече, „израелската агресија“.

Автор: БГ/дпа/афп/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM