1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израел и Египет со обид за деескалација

По нападот на египетските демонстранти врз израелската амбасада во Каиро, владите на обете земји се обидуваат да ја деескалираат напнатоста во меѓусебните односи.

default

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Египетската влада најави сеопфатна истрага за индицентот и остри казни за сторителите, како и подобрена заштита за странските претставништва во иднина. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пак, во обраќање до нацијата меѓу другото им се заблагодари на египестките специјалци за спасувањето на израелскиот дипломатски персонал од нападнатата амбасада. Во тешките безредија животот го загубија тројца демонстранти, додека повеќе од 1.000 беа повредени. Израелскиот амбасадор и останатите вработени во амбасадата, во меѓувреме, се вратија во Израел. Повод за бурните протести и нападот врз амбасадата беше ненамерното убиство на петмина египетски полицајци при операцијата на израелските сили за безбедност во пограничниот појас, кои гонеле милитантни исламисти.

Автор: ГЧ/дв

Редактор: Е. М. Фиданоска