Израел индиректно го призна воздушниот напад врз Сирија | Вести | DW | 29.10.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Израел индиректно го призна воздушниот напад врз Сирија

*

Израел за првпат индиректно призна вмешаност во мистериозниот воздушен напад врз Сирија на почетокот од септември. На седница на владата , премиерот Ехуд Олмерт изразил жалење кон Турција доколку бил повреден нејзиниот воздушен простор. Канцеларијата на Олмерт соопшти дека во минатата недела , Олмер му се извинил за случајот на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Шефот на меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед Ел Барадеи побара истрага за наводниотизраелски напад врз Сирија. Досега никој не поднел докази за тоа дека цел на нападот била тајна атомска постројка – изјави Барадеи.