1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Израел им оддава почит на жртвите на Холокаустот

Израел на денешен ден традиционално им оддава почит на милионите Евреи кои беа убиени во од страна на нацистите во концентрационите логори за време на Втората Светска Војна. Во целата земја претпладнето одекнаа сирени а луѓето запираа на улиците за да им одадат почит на жртвите на Холокаустот. Централна тема во израелските медиуми оваа година е проблемот на преживеаните од Холокаустот кои денес живеат во сиромаштија. Според информациите на нивниот Централен Сојуз една четвртина од 250 илјади преживеани од Холокаустот живеат под границата на сиромаштијата.