1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израел им одаде почит на жртвите од холокаустот

Со сирени што свират за тревога, со минути молчење, како и со критика на сметка на Германците Израелците им одадоа почит на шесте милиони сонародници кои загинаа во времето на националсоцијализмот.

default

Претседателот Перес и премиерот Олмерт им одаваат почит на жртвите на холокаустот додека ечат сирените за тревога


Точно во 10 часот претпладнето одекнаа сирените за тревога ширум целата земја. Јавниот живот запре, возачите излегоа од автомобилите, минувачите застанаа на улиците, а вработените во канцелариите и наставниците и учениците во училиштата станаа од местата во знак на почит на жртвите на холокаустот. Веднаш потоа во Парламентот се собраа водечките израелски политичари на централната комеморативна свеченост.


На традиционалното читање на имињата на најблиските кои не го преживеале ужасот на холокаустот му се придружија и претседателот на државата Шимон Перез и премиерот Ехуд Олмерт. 84-годишниот носител на Нобеловата награда за мир, Перез ги спомна своите најблиски:


„Во сеќавање на моите кои заедно со уште 2060 граѓани од малото гратче Вишнива паднаа како жртви на масакрот на нацистите во август 1942-та година. Тие беа втурнати во дрвената синагога во местото и таму беа застрелани.„


Холокаустот не смее да се повтори


Во рамките на комеморативните свечености во меморијалниот центар Јад Вашем, Перес предупреди од акутната опасност што се заканува од Иран. Тој индиректно го спореди иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад со Адолф Хитлер и порача дека светот на времето предоцна ја сфатил опасноста. Тоа не смее да се повтори, побара Перес нагласувајќи дека не му е јасно како германскиот народ можел да избере еден лудак во 30-тите години од минатиот век и подоцна да не се спротистави на убивањето на улица.