1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Израел е предмет на критики во светот поради рестрикциите за Газа

*

Израелската влада е предмет на големи критики во светот поради одлуката да ја редуцира испораката на гориво и енергија за Палестинците во појасот Газа. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, изјави дека оваа мерка ја влошува состојбата на луѓето во тој регион и е неприфатлива. Постапката на Израел ја критикуваа и ЕУ и Русија. Владата на Израел ги отфрла критиките и укажува на тоа дека и натаму се испорачуваат лекови и прехранбени намирници. По серија ракетни напади од палестинска територија, Израел во неделата донесе одлука за редукција на горивото, а најави дека ќе има редукција и на испораката на електрична енергија.