1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израел го обвини Иран за нападите во Индија и Грузија

Аларм во израелските амбасади во светот - во бомбашки напад во Њу Делхи се повредени четири лица, во Тбилиси бомбата под дипломатско возило е навреме деактивирана.

default

По нападот во Њу Делхи

Во близина на израелската амбасада во Њу Делхи денеска (13.02.) се случи експлозија, во која е повредена сопругата на еден израелски дипломат и три други лица, известија израелски и индиски меидуми. По експлозијата во пламен било едно дипломатско возило. Во Грузија, пак, спречен е бомбашки напад врз израелскиот амбасадор. Под возилото на амбасадорот е откриен и деактивиран експлозив, соопшти министерството за внатрешни работи во Тбилиси. Експлозивот под возилото го видел возачот на амбасадорот, по што веднаш е известена полицијата.

Anschlag auf Israelische Botschaft in Tiflis, Georgien

Израелската амбасада во Тбилиси

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за нападите го обвини Иран. Тој на средбата со пратениците од неговата партија Ликуд рече дека верува оти зад нападите во Њу Делхи и Тбилиси стојат Иранци. Израелските медиуми шпекулираат дека нападите се поврзани со четвртата годишнина од убиството на командантот на Хезболах Емад Магханија. Топ-терористот беше убиен во бомбашки напад во Дамаск, во февруари 2008 година. Хезболах го обвини Израел дека стои зад нападот и најави одмазда. Израелското радио, пак, јави дека постои можна врска и со серијата напади врз ирански нукеларни научници, зад кои, според сомневањата во Иран, стои израелската тајна служба Мосад.

Автор: ЕМФ/дпа/дапд

Редактор: Александар Методијев