1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израел го зазеде бродот со помош за Газа

Неколку дена по нападот врз конвојот бродови кои носеа хуманитарна помош, израелските командоси претпладнево зазедоа уште еден брод, кој не ги послуша повиците на Израел да го промени курсот. Во акцијата нема повредени.

default

По четири предупредувања, израелската војска го зазеде ирскиот брод „Рејчел Кори“, кој превезува хуманитарна помош за Газа. Војниците се качиле на бродот во близина на средоземноморскиот брег на Газа, рече воената портпаролка Авитал Лајбовиц.

„Војниците воспоставија контрола на бродот, без да употребат сила, а екипажот и патниците не пружија отпор. Нема повредени“, рече таа.

Израелската армија издаде неколку предупредувања

Израелската војска утрово се закани дека ќе го преземе бродот „Рејчел Кори“ кој пренесува хуманитарна помош за Газа, ако тој не отплови кон израелското пристаниште Ашдод.

+++ACHTUNG SCHLECHTE QUALITÄT+++ Überfall Israel Gaza Boot Schiff

Во нападот на израелските командоси на бродот со помош кон почетокот на неделата, беа убиени девет лица

„Нашите војници ќе се качат на вашиот брод ако одбиете да го смените курсот“, рече портпаролката Лајбовиц во пораката предадена на бродот преку радио.

Израелските военоморски сили воспоставија радио контакт со бродот и го информираа екипажот дека Газа е под блокада, поради што бродот треба да го смени курсот и да се усидри во Ашдод. На екипажот му било кажано дека помошта за Газа може да биде доставена по копнен пат. Израел нема да дозволи 1.200 тонскиот брод да стигне до Газа и покрај меѓународната вознемиреност од нападот на израелските командоси против бродот со помош кон почетокот на неделата, кога беа убиени девет лица, наведе утрово портпаролот.

„Неколку пати им рековме на луѓето на бродот дека треба да се насочат кон пристаништето Ашдод и дека Газа е под блокада, но тие не обрнаа внимание на нашите повици и бродот продолжи да плови кон Газа“, рече воениот портпарол во Ерусалим.

На бродот „Рејчел Кори“ има 20-тина лица - Ирци и Малезијци и околу илјада тони помош. Тој требаше да биде дел од конвојот бродови, кој на почетокот на неделава беше нападнат од израелската армија, меѓутоа заостана поради технички проблеми. САД вчера вечерта им порачаа на активистите да избегнуваат судири и да ја штитат сопствената безбедност. Од 1.000 тони хуманитарна помош на бродот половина е граѓански материјал за кој Израел стравува дека би можел да се употреби во воени цели.

Автор: ТТ/ЕМФ/афп/дпа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска