1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израел ги продолжува нападите во Газа

Израел денеска (03.01.2009) осми ден по ред ја продолжува воената офанзива против Хамас во појасот Газа. Убиен е висок по ранг командир на Хамас. Американскиот претседател Џорџ Буш побара прекин на огнот.

default

Напади без прекин

Израел денеска (03.01.2009) осми ден по ред ја продолжува воената офанзива против Хамас во појасот Газа. Воената авијација погодила повеќе од 20 цели на радикално исламистичкиот Хамас, меѓу нив и магацин со оружје и камп за обука на борци. Од палестинска територија биле испалени неколку ракети врз израелски населби.

Gaza Angriff Israel

Расте бројот на жртвите

Хамас се заканува

Во акциите на израелската авијација бил убиен и висок по ранг командир на милитантното крило на радикално исламистичката организација Хамас. Абу Закариа ал-Џамал подлегнал утрово на повредите кои ги добил при еден напад ноќеска, соопшти Хамас. Во четвртокот беше убиен водечки политичар на Хамас, организацијата најави одмазда. Еден од водечките луѓе на организацијата, Калед Машал, кој живее во егзил во Сирија, отфрли капитуалција и покрај големата израелска офанзива. Доколку Израел се осмели на копнена офанзива, го очекува мрачка иднина, изјави тој за арапската телевизија Ал џазира.

Во конфликтот, според службите за здравство, загинале досега 437 луѓе, 2300 се ранети, а 400 се во животна опасност.

Во Израел денеска се планирани демонстраци на противниците на воената офанзива во Тел Авив, Хаифа и Сахнин. Според анкетите меѓутоа 85 проценти од Израелците ја поддржуваат операцијата во Газа.

Буш-вината е во Хамас

Präsident George Bush in Jerusalem

Буш бара Хамас да прекине со ракетни напади врз Израел

Во меѓувреме став за конфликтот зазеде и американскиот претседател Џорџ Буш. Вината за ескалацијата на насилството тој ја префрли врз Хамас. Тој побара трајно запирање на непријателствата и враќање кон преговорите за мир. Но, примирје би имало смисла само ако Хамас се придржува на него и ако запре со вооружување преку шверцување оружје во појасот Газа, потенцира Буш.






DW.COM