1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израел ги обвини хуманитарците за судирите

Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак изрази жалење поради загубата на човечки животи во судирот на израелските командоси со хуманитарните работници кои превезувале хуманитарна помош за Палестинците во појасот Газа.

default

Израелски воен брод во Ашдод

Според израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак, за нападот биле виновни хуманитарците, кои се однесувале „насилно“. Тој нивната акција ја нарече политичка провокација. Организаторите на хуманитарниот конвој, Исламската хуманитарна организација, како што рече Барак, се „екстремисти кои поддржуваат тероризам“.

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Габи Ашкенази изјави дека војниците биле принудени да возвратат на огнот кој бил отворен врз нив.

Со бројот на загинати се шпекулира

Се‘ уште нема официјален податок за бројот на жртви во утринската акција, кога израелските специјалци нападнаа 6 бродови кои превезуваа 10 илјади тони помош за

Israel Verteidigungsminister Ehud Barak Regierungskrise

Ехуд Барак ги обвинува хуманитарците

Палестинците. Властите во Тел Авив тврдат дека загинале 10 хуманитарци, додека медиумите во земјата шпекулираат со бројката од 19 мртви и 30-ина повредени. Сите жртви настрадале на еден од бродовите кој пренесувал помош, додека на останатите немало поголеми судири. Поголемиот дел од бродовите пловеле под турско знаме.

Бродовите, со околу 600-те патници и членови на екипажот се наоѓаат во пристаништето Ашдод, под контрола на израелските власти. На хуманитарците им е забранет контакт со надворешниот свет и со медиумите.

И македонски државјани во конвојот?

Според се‘ уште непотврдени информации, во конвојот се наоѓале и тројца македонски државјани кои биле дел од хуманитарна организација од земјата. Од македонското Министерство за надворешни работи се‘ уште нема потврда на информацијата, која ја објавија турските медиуми и каналот Ал Џазира.

Автор: Борис Георгиевски/ројтерс/афп

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM