1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израел ги запре парите за Палестинците

По подигнувањето на статусот на Палестинците во ОН, Израел најави дека ќе ги запре парите од данок наменети за палестинските автономни власти, во висина од 92 милиони евра.

Израелскиот министер за финансии Јувал Штајниц пред почетокот на седницата на владата образложи дека тоа се средства за подмирување на долговите на палестинските власти кон израелското здружение за енергетика за месец декември. „Уште на почетокот рековме дека подигнување на статусот на Палестина од страна на ОН нема да остане без реакција од израелска страна“, рече Штајниц за државното израелско радио.

Израел уште по победата на радикалноисламистичкиот Хамас во јануари 2006 година ги замрзна парите од даноци и царини. Дури во јули 2007 година владата на Израел почна да им исплаќа пари на палестинските автономни власти во висина од 440 милиони евра.

Генералното собрание на ОН на Палестинците им додели статус на „држава не-членка“ во четвртокот (29.11). Еден ден подоцна Израел обелодени дека планира изградба на три илјади нови станови во Источен Ерусалим и на Западниот Брег.