1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израел возврати на нападот од Појасот Газа

По најновиот ракетен напад на палестинските милитанти врз јужен Израел, израелски воени авиони бомбардираа четири цели во појасот Газа. Радикално-исламистичката палестинска организација Хамас веднаш реагираше на нападот.

default

Жестока реакција на Израел на нападот со ракети Касам од Појасот Газа

Висиокиот претсставник на Хамас, Исмаил Ханија, ги осуди израелските воздушни напади во текот на ноќта. Тој денеска од градот Газа ја повика Меѓународната заедница да интервенира за да се спречи ескалација на израелското насилство. Истовремено тој сигнализираше дека во интерес на неговата организација е да се придржува кон примирјето со Израел. Ханија истакна дека Хамас контактирал со останатите палестински групации за да се постигне консензус околу мерките, со кои ќе биде заштитено палестинското население и ќе се засили неговото единство.

Три деца полесно повредени

Palästinenster Gaza Hamas Miliz

Ескалација на состојбите не е во интерес на хамас

Вчеравечер по полноќ израелските воени авиони и хеликоптери бомбардираа повеќе цели во северниот, централниот и јужниот дел на појасот Газа. Портпарол на армијата денеска соопшти дека тоа било реакција на Израел на нападот со Касам ракета во јужен Израел, во кој немало повредени, ниту материјални штети. Цели на израелскиот напад биле две наводни фабрики за оружје и две складишта за оружје на палестинските милитанти. Спасувачките екипи веднаш се упатија во потрага по повредени лица. Три деца биле полесно повредени во бомбардирањето.

Хамас нема интерес за ескалација на состојбите

Минатиот петок двајца израелски војници загинаа во вооружена престрелка со палестинските милитанти во појасот Газа. Според наводите на израелскиот весник „Маарив“, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров побарал од политичкиот лидер на Хамас, Калед Машал, да бидат запрени нападите врз Израел. Машал го уверил дека неговата организација нема интерес од ескалација на состојбата и презема чекори за да ги спречи ракетните напади од појасот Газа кон Израел.

Автор: Клеменс Ференкоте / Симе Недевски

Редактор: Трајче Тосев