1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израел вложи жалба поради сириските тенкови во Голанската висорамнина

Израел вложи жалба до ОН поради продирањето на сириските тенкови во демилитаризираната зона на Голанската висоравнина. Израелската војска ја зголемила борбената готовност.

Жалбата на Израел до ОН доаѓа откако три тенкови на сириската армија во рамките на операциите против бунтовниците навлегле во Голанската висорамнина во делот на демилитаризираната зона во селото Беер Аџам во близина на Кунеитра, јави израелското државно радио. Портпарол на армијата на Израел меѓутоа не сакаше да ги коментира информциите дека војската на оваа земја ја зголемила борбената готовност.

За време на т.н шестдневна војна во 1967 година Израел освои делови од Голанската висорамнина. Сирија постојано бара од Израел да ги врати окупираните делови од нејзината територија кои еврејската држава во 1981 година ги анектираше.Обединетите нации не ја признаваат анексијата. Израел и Сирија официјално и натаму се наоѓаат во војна. По договорот на овие соседни земји од 1974 година во демилитаризираната зона на Голанската висорамнина патролираат околу 1200 невооружени „сини шлемови“ на ОН.