1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Израел – влада

Израелскиот премиер, Ехуд Олмерт одби да даде оставка поради грешки направени за време на либанската војна. Во еден телевизиски говор Олмерт изјави дека и покрај острите критики што на негова сметка ги упати истражната комисија задолжена да ги преиспита одлуките донесени во текот на војната, негова оставка сепак не би била препорачлива. Олмерт призна дека луѓето што носеле одлуки направила низа грешки, кои сега мора да бидат корегирани. Војната во Либан е тема која во Израел е многу контроверзна, пред се‘ затоа што на армијата не и‘ успеа да ги ослободи киднапираните израелски војници од страна на Хезболах и не ги ослабе шиитските милиции.