1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израел бара креативни решенија

Израелскиот кабинет разговараше за мораториумот за изградбата на населбите на Западниот брег и почетокот на новите мировни преговори. Во меѓувреме се случија нови инциденти во Појасот Газа.

default

Претседателот на Палестинците Абас и израелскиот премиер Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на денешната (05.09.10) седница со министрите во својот кабинет разговараше околу почетокот на новите мировни преговори. Несогласувањата околу мораториумот за изградбата на населбите на Западниот брег се првата пречка за мировните преговори, кои изминатиот четврток почнаа во Вашингтон. За време на седницата на кабинетотот Нетанјаху истакнал дека се бараат „креативни решенија“. Претседателот на Палестинците Махмуд Абас се закани со прекин на преговорите, доколку Израел по 26 септември продолжи со градежните активности на Западниот брег. На тој ден завршува десетмесечниот прекин на градежните работи кој го спроведе премиерот. Десноориентираните членови на владата на Нетанјаху му се заканија на премиерот со растурање на коалицијата, доколку биде продолжен мораториумот.

USA Israel Palästinenser Benjamin Netanyahu Hillary Rodham Clinton und Mahmoud Abbas in Washington

Американската државна секретарка Хилари Клинтон со Нетанјаху и Абас

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон во петокот предупреди од пропаѓање на директните преговори за Блискиот исток. Тековните преговори „се можеби последната шанса во догледно време“, за да се обезбеди мир во регионот, рече Клинтон во интервју за израелската и палестинската телевизија.

Нови инциденти

Во меѓувреме, израелската армија изврши три воздушни напади врз цели во појасот Газа. Еден од нападите бил насочен кон поранешна база на вооруженото крило на Хамас, на истокот на Кан Јунис, соопштија претставници на безбедносниот апарат на Хамас. Портпарол на израелската армија потврди дека биле изведени три воздушни напади. Еден од нив бил врз тунел кој се копал во првец на Египет. Воздушните напади биле реакција на ракетни напади од Појасот Газа кон југот на Израел, кој бил изведен неколку часа порано, како и повеќето напади врз еверејски доселеници од последните денови.

Наредната преговарачка рунда меѓу Израел и Палестинците е закажана за 14 и 15 септември на Блискиот исток, најверојатно во египетското одморалиште Шарм ел Шеик. На состанокот би требало да учествуваат и американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон и специјалниот пратеник за Блискиот исток Џорџ Мичел.

Автор: АТ/ЕМФ/дпа/афп

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM