1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израел: атмосфера како пред Заливската војна

Најбараниот производ во Израел во моментов се заштитните гас-маски. Многу граѓани сметаат на американски напад врз Сирија, а во тој случај претпоставуваат дека Сирија би му се одмаздила на Израел.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги нарече вестите од Дамаск за нападите со хемиско оружје „навистина шокантни“ и нагласи: „Тој ужас мора да се спречи“. Претседателот Шимон Перес, пак, бара од меѓународната заедница „повлекување на целото хемиско оружје од Сирија“.

Но, конкретни изјави досега нема. На директното прашање за воена интервенција, израелскиот министер за меѓународни односи Јувал Штајниц одговара: „Не е наша работа да им даваме совети на САД или на другите како треба да постапат“. Весникот „Израел денес“, кој се смета како медуим на Нетанјаху, вака ја оправдува таа воздржаност: „За Израел е одлучувачко да не го врти вниманието кон себе“.

Shimon Perez in Davos

Претседателот на Израел, Шимон Перес, бара повлекување на целото хемиско оружје од Сирија

А, и самиот Нетанјаху на почетокот на неделата ги повика своите министри да бидат попретпазливи: „Ние секогаш го следиме пулсот на настаните за да можеме да ги заштитиме своите граѓани од напад. И затоа го држиме прстот на чкрапалото, ако биде потребно“. Таквите драстични изјави се дел од стратегијата со која Израел се обидува да го одврати сирискиот претседател Башар-ал Асад од напад на Израел, во случај да дојде до американска воена интервенција.

Експертите ги смируваат граѓаните

Експертите се обидуваат да ги смират граѓаните со изјави дека опасноста од сириско ракетирање на Израел е многу мала. Израелската војска процени дека сириски напад е малку веројатен. „Последно што на Асад сега му треба, кога води борба помеѓу живот и смрт, е војна со Израел“, смета израелскиот експерт за Сирија, Ејал Зисер.

Но, во земјата се’ уште се чувствува напнатост. Атмосферата потсетува на деновите пред војната во Персискиот залив во 1991 година, кога ирачкиот диктатор Садам Хусеин нареди напад на Израел. Извидничките единици на израелската војска целосно се концентрираа на Сирија, за во случај на напад што побрзо да дадат знак за тревога. Израел профитира и од учество на својата делегација во таканаречениот безбедносен дијалог во Вашингтон, бидејќи така може да добие информација од прва рака за тоа како би требало да изгледа и да се следи американската интервенција. Израелскиот политичар Омер Барлев смета дека САД, во случај на напад на Сирија, ќе ги бомбардира и сириките ракетни бази: „Па и ако Асад полуди и, покрај сите очекувања, да посака да го нападне Израел, нема да има можност за тоа“.

Се бараат заштитни маски

Israelische Armee in Alarmbereitschaft

Израелската војска е во состојба на подготвеност

И покрај сите смирувачки изјави, израелските граѓани на шокантните снимки на сириските жртви од нападите со хемиско оружје реагираа со зголемена побарувачка на заштитни маски (насловната фотографија: луѓе со маски во Ерусалим). Тие можат да се добијат по симболична цена во државната пошта. Бројот на телефонските повици во поштата од минатата недела (25.08.2013) се зголемил четирикратно. А, по пошта секој ден се праќаат трипати повеќе заштитни маски од вообичаено. Исто така зголемен е бројот и на оние што самите си ги подигаат маските.

Сеедно, многумина не губат смисла, да речеме, за црн хумор. Православниот Евреин Јозеф, на прашањето на репортерот зошто земал девет заштитни гас-маски за своето семејство, одговара дека постојано се моли Бог да го заштити народот на Израел од оваа опасност, но додава: „Само да се молиш и да не земаш маски, е исто како да се молиш да добиеш на лотарија, а да не го дадеш ливчето“.