1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израелците убија палестински водач во Појасот Газа

Израелската војска потврди три ракетни напади во Појасот Газа извршени вчера. Во еден од нив е убиен водач на палестинска екстремистичка група. Болнички извори потврдија смрт на десетина лица.

Властите во Појасот Газа потврдија дека меѓу најмалку десет загинати е и еден од водачите на палестинските милитанти во регионот, Зухаир ал Кејси, командант на оруженото крило на Народното движење на отпорот, група активисти и борци, која е многу популарна во палестинските области. Ал Кајси е убиен во автомобил јужно од градот Газа. Во автомобилот бил и неговиот посинок Махмуд Хаини, кој исто така заземаше важно место во Движењето на отпорот. Воените власти на Израел тврдат дека Ал Кејси планирал следните денови да се префрли на територијата на Израел преку Египет.

Палестинските борци, според некои наводи, веднаш одговориле со ракетни напади врз Израел, но нема информации за жртви.

Палестинското движење на отпорот е група за која се верува дека го киднапираше израелскиот војник Гилад Шалит во 2006-та година. Шалит беше ослободен минатиот октомври во историска размена - Израел. имено, во замена за Шалит ослободи дури илјади арапски затвореници. Ал Кејси оваа паравоена група ја раководеше само седум месеци, од моментот кога неговиот претходник Камал Наираб беше убиен во сличен ракетен напад. Во регионот на Блискиот Исток пред овој напад имаше неколку недели релативен мир. Последен пат Израел го ракетираше Појасот Газа кон средината на јануари.

Автор: ЖА/ЕМФ/дпа/дв/афп

Редактор: Е. М. Фиданоска