1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Израелците и палестинците ќе разговараат

Израелскиот премиер Еуд Олмерт и палестинскиот претседател Махмуд Абас постигнаа согласност на секои две недели да се состануваат на преговори, изјави американската министерка за надворешни Кондолиза Рајс во Ерусалим. Таа смета дека може да има соработка меѓу Израел и новата палестинска влада на национално единство, но истовремено нагласи дека Хамас мора да се откаже од насилството. Израелската армија на запдниот брег застрелала двајца припадници на Ал Акса Бригадите, кое важи за воено крило на движењето Фатах.