1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израелците и Палестинците ги продолжуваат преговорите

Еден месец по Блискоисточната мировна конференција од Анаполис, израелскиот премиер Ехуд Олмерт и претседателот на Палестинците Махмуд Абас денеска разговараат за актуланиот спор околу доградбата на населбите.

default

Олмерт и Абас со Буш во Анаполис

Спорните израелски планови за доградување на две населби во областите запоседнати од Палестинците се централната тема на денешната средба. Откако во вторникот пропадна втората рунда преговори, израелскиот премиер Ехуд Олмерт и претседателот на Палестинците Махмуд Абас ќе разговараат за проблематиката околу населбите, но пред средбата фронтовите се заострени.

Израел опстојува на планираното проширување на населбите во Ха Хома и Маале Адумим и смета дека тоа е природен раст. Палестинската страна се залага, Израел да се откаже од плановите. Позицијата која претседателот Абас јасно ќе му ја предочи на израелскиот премиер, најави палестинскиот главен преговарач Саеб Ерекат „Од израелската страна ќе бараме да ги стопира сите градежни работи исто и за природниот раст, и на тој начин да му се даде шанса на мирот, шанса што ја залужува“

Разговорите се важни за двете страни

За израелската влада населбите се дел од Ерусалим, за што Израел бара целосна сувереност. Затоа изградабата не е против мировниот план. Израел нема да гради нови населби и нема да има видлива промена на големината на веќе постотечките населби, смета портпаролот на премиеро Олмерт, Марк Регев истакнувајќи дека Израел се залага за конструктивни разговори со Палестинците „Разговорите се важни, и двете страни ќе ги изразат нивните размислувања и ќе бараме заедничка база. Имено наредната година е можно да се постигне вистински напредок.“

На конференцијата во Анаполис беше договорено формирање палестинска држава уште наредната година. Но спорот околу политиката за населбите ги оптоварува разговорите уште од самиот почеток. Уште првата средба пред две недели беше засенета од плановите за проширување на населбаа Ха Хома. Израелскиот став наиде и на жестока меѓународна критика. Плановите го загрозуваат мировниот процес, нагласија претставниците на Блискоисточниот квартет од Русија, САД, ОН и ЕУ.