Израелско палестински преговори | Вести | DW | 17.07.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Израелско палестински преговори

*

Израелскиот премиер Ехуд Олмерт денеска треба да го презентира конечниот список со палестински затвореници кои треба да бидат ослободени. Станува збор за 250 затвореници кои треба да бидат ослободени до крајот на неделава. Ова беше договорено на синоќешните разговори меѓу Ехуд Олмерт и плаестинскиот лидер Махмуд Абас. Израел изрази јасна поддршка на владата на Хамас, но притоа побнара итно разоружување на 180 борци од движењето Фатах. Портпаролот на израелскиот владин кабинет, Мири Еисен по разговорите изјави:

„На ова гледаме како значаен развој во нашите безбедносни одноиси. Сакаме да видиме што поголем број терористи кои ќе го положат своето оружје со што ќе им овозможат на палестинските власти и Израел да се фокусираат на главната визија, решение за две држави„