1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израелски нео-нацисти

Израелската полиција вчера уапси осуммина неонацисти, кои наводно извршиле најмалку 15 напади врз странци и православни Евреи. Најшокантното во информацијата е што сите уапсени се израелски државјани.

default

Апсењето на осумтемина израелски нео-нацисти во земјата предизвика жестока дебата за недоволната интеграција на руските младинци во израелското општество. Според соопштението на полицијата, млади на возраст меѓу 17 и 19 години, со потекло од држави од поранешниот Советски сојуз биле уапсени уште пред три недели под сомневање дека тепале десетици луѓе поради расистички причини, меѓу нив и странски работници, Евреи строги верници, хомосексуалци и зависници од дрога. Портпаролот на полицијата, Мики Розенфелд, изјави: ”Тие планирале и биле вклучени во напади против недолжни луѓе, Евреи кои носат Јармука, Азијци, странци и имале црвсти врски со ќелии на неонацистите во светот.”

Шест од осумтемина уапсени ги признале обвиненијата за време на сослушувањето. Полицијата води истрага против групата нео-нацисти веќе една година, откако беше осквернавена синагогата во Петах Тиква, голем град југозападно од Тел Авив и врз неа беа испишани кукасти крстови и знакот на нацистичките ЕсЕс бригади. Уапсените, како што тврди полицијата, себеси не се третираат како Евреи.

Повеќемина пратеници во израелскиот парламент бараат да се промени т.н. право на враќање, според кое на секое лице кое имало баба или дело Евреин може да добие израелско државјанство. По распадот на СССР во 1991 година во Израел се доселија околу милион луѓе од поранешните советски републики. Според проценките, една третина од нив немале еврејски претци.

Во Израел и во минатото имаше одделни нацистички инциденти. Досега, сепак, не се појавила организирана група. Голем број од деталите што ги објави полицијата ја шокираа јавноста . Така, уапсените целно за свои жртви ги избирале социјално слабите, странските работници, строгите Евреи или зависниците од дрога. На компјутерот на групата нео-нацисти е откриен филм кој ја документира бруталноста на нивните напади. Раководителот на истрагата на полицијата, апсењето го билансираше со зборовите: ”Моравме да заклучиме дека во Израел има ќелија на нео-нацисти во која има луѓе што живеат во Израел и кои веруваат во идеологијата на нацистите и во Хитлер.”