1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израелски напад врз хуманитарниот конвој за Газа

Израелската армија изутринава (31.05.10) изврши напад врз конвојот бродови со хуманитарна помош за појасот Газа, што вчера тргна од Кипар. Армијата зборува за најмалку 10 загинати и повеќемина повредени.

default

Колку загинати и повредени има навистина?

Акцијата на неколку стотини израелски специјалци почнала во 4 часот и 30 минути утринава. Тие долетале со воени хеликоптери до конвојот и директно го почнале нападот врз турскиот брод, отворајќи оган и користејќи солзавец, сведочат очевидци на настанот. Портпаролот на израелската армија, пак, тврди дека војниците биле нападнати при спуштањето на бродот што пловел под турско знаме. Дури потоа тие отвориле оган, при што застрелале најмалку 10 учесници на конвојот.

Израелската армија уште претходно најави дека нема да

BdT Warten auf Hilfsflotte in Gaza

Палестинците ја чекаат хуманитарната помош

дозволи конвојот бродови со хуманитарна помош да ја пробие поморската блокада на појасот Газа, под која власта веќе три години го држи радикалното палестинско движење Хамас. Хуманитарните активисти се обидуваа да пренесат околу 10.000 тони помош за населението на појасот Газа, кое страда поради долготрајната израелска блокада. Меѓу другото, во пратката има и градежен материјал, постројки за пречистување на вода за пиење, како и повеќе стотици инвалидски колички. Бродовите се сега во израелското пристаниште Ашдод, каде пратката ќе биде прегледана, а уапсените активисти ќе бидат подложени на испитување.

На хуманитарниот конвој во знак на поддршка му се придружија и носителката на Нобеловата награда за мир од 1976 година Мајрид Кориган Мегвајер, неколкумина европарламентарци, како и двајца германски пратеници.

Ештон: Израелската политика на блокади е неприфатлива

Координаторот на европската надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон изрази длабоко жалење за жртвите во инцидентот. Нејзиниот портпарол додаде дека Ештон исто така бара Израел без одлагање и без условување да ја прекине блокадата на појасот Газа, кога се во прашање хуманитарни, како и нормални трговски пратки. Израелската политика на блокади е неприфатлива и политички контрапродуктивна, порача портпаролот на Кетрин Ештон.

Загрижност за инцидентот и за можните последици од него изрази и германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле. Меѓу учесниците на конвојот се и тројца германски политичари, од кои двајца се актуелни и еден поранешен пратеник на Партијата на левицата. Шефот на партијата Грегор Гизи остро ја осуди акцијата на израелската армија и порача дека станува збор за

Israelischer Angriff auf Hilfskonvoi für Gaza

Главниот брод на хуманитарниот конвој пловел под турско знаме

злосторнички чин, кога војниците стрелаат врз невооружени лица.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас акцијата ја нарече „масакар“ и „одвратен злостор“.

Во меѓувреме, израелските амбасадори и конзули во Турција се повикани на разговор во тамошното министерство за надворешни работи, бидејќи главниот брод на хуманитарниот конвој пловел под турско знаме. Портпарол на министерството најостро го осуди нападот на израелската армија и оцени дека станува збор за кршење на меѓународното право, бидејќи бродовите се наоѓале во меѓународните води. Во моментов, во Анкара се одржува кризна седница на владата и военото раководство на земјата.

Грција, пак, во меѓувреме ги прекина заедничките маневри што во Егејското море ги одржуваше со израелската армија.

Автор: ГЧ/ЖА/дпа/афп/ртр

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска