1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израелски методи на германските аеродроми?

Безбедносните контроли на германските аеродроми и натаму се тема на дискусија. Според најновиот предлог, патниците треба да бидат категоризирани во ризични групи и соодветно на нив и различно контролирани.

default

Како да се спречат терористички напади преку поефикасни контроли

Германската министерка за правда Сабине Лојтхојзер-Шнаренбергер се изјасни против поделбата на патниците во различни ризични групи при контролата на аеродромите. Во интервју за весникот „Франкфуртер рундшау“ политичарката од Партијата на либералите предупреди од стигматизирање на патниците, а според неа, предлогот е во спротивност и со германските и европските норми за еднаквост.

Идниот претседател на Сојузот на германските аеродроми Кристоф Блуме својот предлог го објасни во разговор за весникот „Рајнише пост“. Ако патниците бидат поделени во различни групи според ризик, контролниот систем би бил поефикасен, смета Блуме, кој истовремено е и шеф на аеродромот во Диселдорф. Моделот е применуван во Израел, каде деталноста на контролата на патниците зависи од староста, полот, етничката припадност и други критериуми. Патниците за кои постојат доволно податоци и кои често патуваат на иста релација се контролирани помалку отколку оние за кои нема многу податоци.

Symbolbild Körperscanner

Во акција се и скенерите до гола кожа

Барање начини за поефикасни контроли

Минатите недели навистина на германските аеродроми се создаваа долги редици поради засилените безбедносни контроли предизвикани од најновите терористички закани и пронајдените експлозивни направи. И меѓународното здружение на авионскиот сообраќај ИАТА неодамна побара нов контролен систем на аеродромите. Неговиот генерален директор Џовани Бисињани предложи систем на „три тунели“, според кој патниците ќе бидат различно детално прегледувани според нивниот профил на опасност. Бисињани предлага патниците да бидат категоризирани врз основа на биометриските и податоците кои се познати за нив при чекирањето. „Тунелот еден“ би бил за познати патници, вториот за „нормални“ и третиот за „потенцијално опасни“, кои треба да подлежат на детална контрола.

Дискриминација наместо безбедност

Предлогот за безбедносно профилирање на патниците во Германија предизвикува критики. Воздржано реагираше и министерството за внатрешни работи, од каде истакнуваат дека постојано вршат испитувања како да ги подобрат контролите. Претседателот на Комисијата на Бундестагот за внатрешни работи, Волфганг Босбах, предупреди од дискриминација.

„Секој патник би прашал, според кој критериум ме контролирате поинаку од останатите“?

Синдикатот на вработените во полицијата смета дека ваквите предлози звучат премногу како „желба за заштеда на време“, неговиот шеф Бернхард Витаут изјави: „Подобро половина час повеќе поминати во редица отоколку цел живот мртов.“

Тој освен тоа се изјасни за деприватизација на аеродромските контроли: „Така нареченото профилирање, кое бара полициски ангажман, е во спротивност со препуштањето на контролите на патниците на аеродромите на приватни фирми со послабо платени работници.“

Политичарот од Партијата на зелените Волфганг Виланд и експертот за внатрешна политика од Партијата на левите Ула Јелпке предупредуваат дека со предлозите се отвора широко вратата за дискриминација. Јелпке додава: ова е долевање масло во огнот во однос на расистичките и антимуслиманските предрасуди.

Автор: Марко Лангер/Рајнхард Клебер/дпа/ртре/афп/Жана Ацеска

Редактор: Борис Георгиевски

DW.COM