1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израелскиот претседател Кацав во тесно

По неколкумесечна истрага, државниот обвинител има намера да покрене процес против израелскиот претседател Моше Кацав поради силување и злоупотреба на функцијата. Кацав, чиј мандат завршува на лето, повеќепати принудувал соработнички на секс.

Малку е веројатно дека ќе се извлече: Моше Кацав

Малку е веројатно дека ќе се извлече: Моше Кацав

Државниот обвинител Мени Мазуз реши да подигне тужба против израелскиот петседател Моше Кацав поради силување, сексуална злоупотреба, спречување на судството, измама и проневера. Веста соопштена на телевизијата удри како бомба. Мазуз си даде доволно време за решението, зашто полицијата уште во минатиот октомври препорача тужба против претседателот. Кацав лично се уште не соопшти ништо. За денеска претпладне најави прес-конференција, додека политичарите од сите фракции бараат да поднесе оставка. Пратеничката Зехава Галон од опозиционата Мерец партија за израелското радио изјави:

„Мислам дека претседателот веднаш треба да поднесе оставка – без одлагање. Убедена сум дека тоа требаше да го направи многу порано, меѓутоа сега откако јавниот обвинител изложи толку тешки обвинувања, веќе не смее да чека„.

Кацав досега ги отфрлаше сите обвиненија и ги нападна медиумите дека водат кампања против него. Инаку, од почетокот на аферата и полициската истрага, се јавија повеќе од десет жени кои го обвинија претседателот дека сексуално ги малтертирал.