1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Израелскиот војник Шалит ќе биде ослободен

Израелската влада ја одобри размената на затвореници со радикално исламистичкиот Хамас. За израелскиот војник Гилад Шалит на слобода треба да бидат пуштени околу 1.000 Палестинци.

default

На слобода по цели пет години заложништво: израелскиот војник Гилад Шалит

По повеќечасовна дебата министрите од израелската влада се согласија со спогодбата со палестинскиот Хамас. Планираната размена на затвореници беше издејствувана со посредство на египетската влада. Хамас, од своја страна, исто така ја потврди размената. Влијателниот шеф на организацијата во егзил, Калед Машал, во Дамаск изјави дека 1027 палестински затвореници треба да бидат ослободени на двапати. Шалит, според него, прво ќе биде однесен во Египет, а потоа во Израел.

Според информации на израелската внатрешна тајна служба Шин Бет, меѓу затворениците кои треба да бидат ослободени не се наоѓаат претставници од водечките кругови на Палестинците. Функционерот на Фатах, Марван Баргути, експертот за производство на бомби на Хамас, Абдула Баргути, и еден од водачите на Палестинците Ахмед Садат и натаму ќе останат во затвор.

Автор: АТ/дв

Редактор: Е.М.Фиданоска