1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Израелската војска започна повлекување од Рафах

Претставници на армијата тврдат дека станува збор за замена на трупите,операцијата продолжува

default

Дали се повлекуваат или не?Луѓето во бегалскиот логор Рафах во јужниот дел од појасот на Газа си го поставуваа ова прашање денеска утрото,откако израелските војниоци започнаа да напуштаат дел од населбата.Стотици жители поитаа на улиците за да ги проверат штетите кои ги предизвикаа трупите при воените операции.Но нивната радост беше преуранета.Сведоци тврдат дека израелските војници отвориле оган врз Палестинците и така ги натерале повторно да побараат скривалишта во куќите.Од воени извори протекува дека Израелците само започнале со замена на трупите,и дека воената операција не е завршена.Палестинците во Рафах уште долго нема да можат да здивнат со олеснување.Министерот Гидео Езра за израелското радио објасни дека задачите сеуште не се завршени,уапсени се полно Палестинци,кои сега се испрашуваат.Додека не се добијат доволно информации за шверцот со оружје преку подземните тунели,акцијата ќе трае.

-Сигурен сум дека секој разумен човек разбира дека понатаму не оди вака,дека се шверцува оружје.Се чудам на левите еврејски партии како Јахад,кои се изјаснуваат против операцијата,иако знаат дека немаме друг избор,дека на палестинска страна немаме воопшто партнер.

Претседателот на новооснованата лева партија Јашад,Јоси Бајлин за израелската телевизија изјави дека воената акција во појасот на Газа нема да ги реши проблемите.Само преговорите со палестинското раководство можат да доведат до намалување на напнатоста на состојбата и до обновување на мировниот процес.Ова мислење го дели и генералот во резерва и пратеник на Работничката партија Матан Вилани.Во радио интервју нападите врз демонстрантите во Рафах тој ги нарече најлошата трагедија што се случила:

-Војниците се наоѓаат таму во една невозможна ситуација,а вината за тоа ја сноси само израелската влада.Таа мора да се однесува како влада,крајно време е за тоа.Треба да престане да ја вклучува армијата во решавањето на проблемите.

За време на израелската операција во појасот на Газа деновиве беа убиени најмалку 40 Палестинци.Израелската армија објаснува дека најголемиот дел од жртвите биле вооружени.Но,палестинските лекари сведочат дека меѓу жртвите има многу цивили и дури и деца.

Израелската организација за човекови права Бетселем известува дека била уништена најмалку едн акуќа во која за време на уривањето се наоѓала фамилијата со повеќе деца.Тие побараа од советниците на израелската влада да го спречи натамошното срамнување со земја на куќите на Палестинците во Рафах.Тоа се коси со женевската конвенција и според тоа е сосема нелегална акција.